Вторник, 10 Мај 2016    Печати
Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со 49,6% – СДСМ со 20,2% доверба меѓу граѓаните
536666 388260917883618 195248362 n
Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со 49,6% – СДСМ со 20,2% доверба меѓу граѓаните

Дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на наредните парламентарни избори сметаат 49,6%, а оти СДСМ ќе освои најмногу гласови мислат 20,2% од граѓаните, покажало телефонското истражување на Институтот Павел Шатев спроведено меѓу 6-ти и 8-ми мај на 1.070 испитаници.

Целта на анкетата била да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии, односно за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, и затоа во неа не биле вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии.

Анкетата покажала дека Никола Груевски ужива доверба кај 30,8% од испитаниците, а Зоран Заев кај 11,4%.

anketa-rejting-iri

Капитал