Недела, 09 Април 2017    Печати
МАКЕДОНЦИТЕ ГО ПРЕПЛАВИЈА МЕЛБУРН СО ЦРВЕНО ЖОЛТИ ЗНАМИЊА

Copy

Ниту лошото време не ги спречи Македонците од Мелбурн, Австралија да излезат на мирен протест пред Конзулатот на Р. Македонија во Мелбурн со цел да ги испратат своите пораки за зачувување на унитарноста, идентитетот, јазикот и името МАКЕДОНСКО.

Во прилог и Декларацијата прочитана денес 9 Април 2017

(1) Македонците во Австралија, како нераскинлив дел од Македонскиот народ, изразуваат загриженост за унитарноста и државноста на Македонија, за името на државата и идентитетот на нацијата!

 (2) Македонците во Австралија отфрлаат федерализација и службеност на албанскиот јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи!

 (3) Македонците во Австралија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи!

 (4) Македонците во Австралија го повикуваат демократскиот свет да ја поддржи унитарноста и државноста на Македонија, името на државата и идентитетот на нацијата!

 (5) Македонците во Австралија сметаат дека Македонија е држава на Македонскиот народ како единствен носител на државноста, во која сите се еднакви пред Уставот и законите, независно од социјалниот статус, етнижкото потекло, верското уверување и партиската припадност!

 (6) Македонците во Австралија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата вр Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се уште трае!

 (7) Македонците во Австралија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната!

 (8) Македонците во Австралија бараат попис на населението!

 (9) Македонците во Австралија отфрлаат владина коалиција која што нема да ја почитува оваа Декларација!

 (10) Македонците во Австралија повикуваат на семакедонско помирување.

Гордана Димовска

17820950 10154790434183197 790561647 n

17821034 10154790455953197 183555473 n

17821491 10154790445283197 1045198624 n

17857224 10154790455668197 132647978 n

17841976 10154790468273197 1150022376 n