|
||
| СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА 23 АПРИЛ ВО СИДНЕЈ! |
|
Семакедонскиот собир ќе изрази силна поддршка на претседателот на Републиката проф.д-р Ѓорге Иванов. Семакедонскиот собир ќе ја осуди таканаречената “тиранска платформа“ за бинационална и двојазична држава! Македонците во Австралија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо треба да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи. Семакедонскиот собир ќе даде силна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во Австралија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државниото име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југозападна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на Англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се’ уште трае! Македонците во Австралија се приклучуваат на движењето “За заедничка Македонија“ и ја поддржуваат унитарноста и државноста на Македонија! Македонците во Австралија ги отфрлаат во целост редефинирањето, кантонизацијата, федерализацијата на нивната татковина Македонија! Македонците во Австралија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната според “тиранската палтформа“! Макаедонците во Австралија бараат попис на населението! Македонците во Австралија повикуваат на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што силата е во единството! - Очекуваме масовно присуство и силна поддршка од Македонците во Австралија за татковината Македонија и за Македонскиот народ во целина! Нашите корени се во Македонија, повикуваме на семакедонско помирување и обединување и одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, одбрана на унитарноста и државноста на Македонија - изјави Џим Стефановски, национален ко-претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Австралија и претседател на СМК за Нов Јужен Велс. Повеќе информации може да се добијат кај Џош Шерман на 0404 493 363 и кај Стефан Каранфиловски на 0404 159 928. |