Среда, 15 Ноември 2017    Печати
ФРАНЦИЈА НЕ ГИ ЗАБОРАВИ МАКЕДОНСКИТЕ ХЕРОИ ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ ЕДНА НЕПРАВДА ИСПРАВЕНА

francija1

За прв пат, по повеќе од 100 години,  одбележуваме историски настан. Навистина Франција не ги заборави македонските херои на Кајмакчалан. Оваа историска неправда е секуларна. За прв пат имињата на 33 македонски борци се врежани на комеморативната плоча во градот Коломбел во Нормандија овој 11-ти  ноември 2017.

Според историчарите, помеѓу 12 и 30 септември 1916 година се случија најжестоки борби помеѓу српските, македонските и француските војски и бугарската армија на Кајмакчалан. Поради оваа причина, Франција беше легитимна да им оддаде признание на херојската посветеност на многу војници и цивили кои загинаа за слободна нација.

francija2

Денес, ние придонесуваме да им дадеме малку поголемо значење на нивната жртва, со откривање на спомен плоча што е откриена во нивно сеќавање. Меморијална плоча , која  генерациите ќе се сеќаваат на нивните храбри дела во служба на нивната земја. Да бидат почестени засекогаш, каде ќе можеме да ги запазиме нивните херојски дела.

Планината Кајмакчалан, според историчарите е најголемата гробница во која се закопани илјадници млади луѓе. Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе во Република Македонија, што се издига на надморска висина од 2,528 метри и беше една од клучните позиции на фронтот за време на Првата светска војна. Битката кај Кајмакчалан честопати е спомнувана во историјата поради големиот број жртви, што ги претрпеа двете завојувани страни.

francija3

Денес, оваа историска неправда е исправена. Нацијата им оддава почит затоа што ги смета за "жртви за Франција". Денес, придонесуваме да дадеме малку поголема почит за нивната жртва, со комеморативна-плоча што беше откриена во нивно сеќавање, комеморативна плоча на која генерациите ќе се сеќаваат на нивните дела во служба на нивната земја, нивната татковина и на идните генерации.  Да бидат почестени засекогаш и да ги запаметиме за нивните херојски дела.

Делегација на Македонските-асоцијации беше присутна на денот на настанот со положување на цвеќе и со одавање на минутно молчење.
Голема благодарност на сите луѓе кои придонесоа оваа церемонија да се одржи во градот Коломбел во Нормандија, оваа историска неправда е исправена, благодарение на градоначалникот Марк Потиер и градоначалникот на Новаци Лазар Котевски.

francija4

 Зборовите се малку за да го изразат целото признание кое мора да биде наше на оние што го жртвувале своето постоење, без да размислуваат за тоа, бидејќи тие имаа длабоки вредности во нив. Ова е пример што мора да го задржиме и сочуваме. Од овој пример  мораме да бидеме инспирирани, бидејќи знаеме дека за жал, историјата честопати се повторува. Да го задржиме овој пример длабоко во нас  и да бидеме достојни за оние што ги славиме денес .

Симбол на нашата вредност треба да биде оваа комеморативна плоча која беше откриена во чест на овие луѓе кои ги положиле своите животи. Не постои  поскапоцено богатство од споменот на делата и акциите на брилијантност на нашите претци кои се нашата гордост .

Да се биде Македонец е привилегија, привилегија на еден грст народ а сепак една огромна нација.

Сузана Сурловски

francija5