Сабота, 18 Ноември 2017    Печати
СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

canadaМАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

17 ноември 2017 година, Торонто, Канада

- Светскиот Македонски Конгрес - Канада упатува јавна покана до сите македонски организации, патриотски здруженија и друштва во Канада за итен координативен семакедонски состанок за актуелната политичка состојба во Македонија после бројните предавства во татковината.

23721840 1690896914318174 1922707667 n

Координативниот семакедонски состанок ќе се одржи на 19-ти ноември (недела) во Соборниот храм на Мкедонската Православна Црква “Свeти Климент Охридски“ во Торонто, со почеток во 11.00 часот претпладне.

На координативниот семакедонски состанок се очекува да се донесе резолуција, мерки и одлуки за протест против предавствата на актуелната Влада во Македонија кон нацијата и државата!

Сите македонски организации, патриотски здруженија и друштва во Канада кои имаат желба да учествуваат во планирањето и подготовките на овие мерки против Предавничката влада во Македонија треба да испратат свои претставници на координативниот семакедонски состанок.

- Предавниците на својот народ можеби не можеме да ги запреме далеку од татковината, но со сигурност ќе им го испратиме револтот на Македонскиот народ во Канада! Да ни биде вечна Македонија! - се вели во јавната покана за координативниот семакедонски состанок од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес - Канада, Боби Боне Темелков.

23722105 1690896907651508 222738096 n