Четврток, 05 Јули 2018    Печати
Да ми простите, ама тежок сме народ

brigi

НАЈПОСЛЕ ЕТИМОЛОГИЈАТА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА
ЕТИМОЛОГИЈАТА НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ

Ова е секако за нас Македонците најинтересно. Читајте многу, многу трпеливо.
Македонија била територијата северно од Халиакмон, Лудиас и долниот тек на Вардар. Западната граница била кај Грамос во Пинд и Охридското Езеро. За ова има уште да се зборува). Таа се проширила значително во времето на Филип Втори. Тукидид вели дека Македонците биле освојувачи кои ги истиснале Траките и Пајонците). Во антиката Македонците главно се сметаат за не-Грци, спротивно на грчките желби и фалсификати.

Древна Македонија била поделена на Горна и Долна Македонија.

Едно од најстарите имиња за Македонија е Ематија (Иматија) (југо-западно) (Дотука преземено од Katičić Radoslav. 1976. Ancient Languages of the Balkans. Според мене, а контроверзно би било можеби, името Иматија доаѓа од и.е. *hem- ‘има’ значи ‘обилна, богата земја’. Ова го заклучувам врз основа на бругаскиот материјал.

Според сè што сум проучувал не е исклучено за Горна Македонија името да е Бригија.
Сега за Македонија.

По никаков редослед:

1. Грчката и омилена западњачка теорија е дека Македонија доаѓа од македнос што значи ‘висок’. Малку за смеење, наводно дека биле високи луѓе (?!). Има и варијанта Макетос, и Макутија која пак Грците ја изведуваат од грчки макрос ‘долг’ или латински macer ‘слаб’ (ова е веќе за смеење). Впрочем грчкото khthṓn ‘земја’ не може да лежи во македонската форма.

2. Некои дури сметаат дека името Македонија е неиндоевропско, остаток од најстарото население на Балканот (пред најмалку 5000 години). Еминентниот индоевропеист Robert Beekes ја застапува оваа теза. Дури и најконтроверзно, некои од балканизмите може доаѓаат од таму.

3. Една можност е од бригиската божица Гдан Ма ‘мајка земја’. Со метатеза *Ма-гдан.

4. Според некои мои многу резервирани и контроверзни разбирања, може да е и од индоевропскиот корен *maĝ- ‘притиска, збива’, значи ‘збиена’. Бругаскиот материјал го сугерира тоа. Има и една слаба варијанта дека Македонија е од збор што значи ‘средишен, централен’.

5. Според нашиот народ, по народна етимологија, Македонија доаѓа од мака создадена.
(Има и варијанта Mygdonia, која според бругаскиот материјал би значела 'моја земја'.)
Јас лично мислам дека е од бригиско потекло, дали како во бр. 3 или 4 или поинаку.
Како куриозитет, анегдотално во персиски и во урду има збор dunia ‘свет, земја’ кој со малку фантазија може да се сооднесе со Македонија!? Го имаме и ние, преку турскиот. Ама веројатно нема врска.

Македонија е славна земја, грандиозна тоа веќе го знаете, неповторлива, а во сојуз со Бригите е непобедлива, нескршлива, што би рекле пиреј...
А ние ја спасивме од заборав.

Е сега курсот заврши, останаа Грците за објаснување, не дека не можам, ама кога ќе си го обелат образот.
А неслогата била македонското и бригиско и пајонско проклетство и така е до ден денес. Да ми простите, ама тежок сме народ.

Илија Ќашуле