Среда, 12 Септември 2018    Печати
МПЗ ХРИСТО МАТОВ-ВМРО-ДПМНЕ ПОВИКА ДА НЕ СЕ ГЛАСА НА РЕФЕРЕНДУМОТ!

30742260 10156512149593313 9138091019068875814 nМПЗ ХРИСТО МАТОВ

ВМРО-ДПМНЕ ПОВИКА ДА НЕ СЕ ГЛАСА НА РЕФЕРЕНДУМОТ!

12 септември 2018 година, Скопје, Македонија

- Македонското Патриотско Здружение ХРИСТО МАТОВ (МПЗ ХРИСТО МАТОВ) ја поздравува одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не се гласа на референдумот на 30 септември, бидејќи трите прашања на едно гласачко ливче значат промена на името на државата и идентитетот на нацијата, а ВМРО-ДПМНЕ е против Договорот Димитров-Коѕиас Договор кој што ја става МАКЕДОНИЈА и македонскиот народ на најпонижувачката позиција од осамостојувањето до денес!

Имајќи предвид дека поради неизлезеност, на референдумот на 30 септември нема да се донесе одлука за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, очекуваме Владата да поднесе оставка а Собранието да се распушти и да се оформи техничка влада до предвремените Парламентарни избори!

МПЗ ХРИСТО МАТОВ ја поздравува одлуката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, да гласаат против промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

ЗАТОА #БОЈКОТИРАМЕ

ИК на МПЗ ХРИСТО МАТОВ