Недела, 16 Септември 2018    Печати
Со #Бојкотирам референдумот повеќе од сигурно е дека нема да успее
Фотографија на Antonio Milososki.

Штетниот договор за смена на името Димитров : Коѕијас е дотолку полош што предвидува ДВА кумулативни грчки УСЛОВИ без чие целосно исполнување од "втората страна" (Р. Македонија), Атина нема баш никакви обврски за ратификација и поддршка:
1 услов - успешен референдум за смена на името
2 услов - менување на Уставот
Со #Бојкотирам референдумот повеќе од сигурно е дека нема да успее и штетниот договор нема да стапи на сила!
Бојкотирањето, како демократско право, не само што ќе го оневозможи неуставниот договор, туку ќе биде и конкретна критичка порака до власта да се зафати со исполнување на обврските кои ги вети пред изборите, и да не го троши времето и парите за исполнување на неуставни агенди.

Фотографија на Antonio Milososki.
Антонио Милошоски