Четврток, 20 Септември 2018    Печати
Владини мегафони ,вакви дебилни спотови и кампањи го зголемуваат бројот на луѓето што бојкотираат

13087552 10208317905078858 1093200006616896689 nАлександар Бичиклиски

Деновиве се врти спот платен со ваши пари а нарачан од Парламентот на кој се пушта една моја изјава од 2008 година дадена околу самитот на Нато во Букурешт на која го соопштувам ставот на ВМРО-ДПМНЕ од позиција на портпарол .Велам "Прашањето околу промена на името може да го донесат граѓаните единствено на референдум" .....

И другарите од пиар тимот на Заев тоа пробуваат да им го протуркаат како став или мислење на ВМРО кое ете денес повеќе не важи и покажува и неединство и неконстантност .Ок батиња чим така мислите да ве разочарам малку .......

Значи ТОГАШ,СЕГА и во ИДНИНА да ви биде јасно дека доколку на било каков начин постои предлог или договор за името ќе биде поставено како јасно и недвосмислено прашање кое не се поврзува со други суштински прашања по иднината на оваа држава и иднината на македонскиот народ.

На пример :
ДАЛИ СТЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНО ОД МАКЕДОНИЈА

ЗА ПРОТИВ

Исто така во Македонија треба да се одржи референдум на кои граѓаните ќе одлучат дали се за влез во нато или еу пример:
Дали сте за влез на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НАТО

ЗА ПРОТИВ

Владини мегафони ,вакви дебилни спотови и кампањи ,силувањето со носењето на секакви белосветски агитатори само го зголемуваат бројот на луѓето што бојкотираат ,ве охрабрувам со уште поголема енергија последниве 10 дена да продолжите со истата.

#Бојкотирам

ФБ статус на Александар Бичиклиски