Недела, 23 Септември 2018    Печати
Антонио Милошоски: Благодарам претседателе Макрон

antonio-milososki-2

Антонио Милошоски на својот фејсбук-профил напиша:

„Му благодарам на искрениот француски претседател Макрон, што во видео порака се обрати за референдумот.

Тој имаше доблест да го каже она што го лажат Заев и Димитров.

Макрон: референдумот е за преименување во Северна Македонија (значи не е за Европска како што лаже Зоран Заев)!

Макрон: референдумот е за спогодбата со Грција да стапи на сила (не е за членство во ЕУ како што лаже Димитров, и во договорот нема никаква гаранција дека „Република Северна Македонија” во догледно време би станала членка на ЕУ; џабе би се менувало името, Уставот и џабе би се понижувања цела една нација и држава)!

Макрон: референдумот е за да смени Уставот на Република Македонија и сите документи и државни институции (не е за бесплатно здравство во ЕУ, ниту за лажните 25.000€ по земјоделец годишно, ниту за бесплатни студии, како што лаже Заев).

Макрон: Вие и Грција, вашата земја (може да замериме на ословувањето, но, барем е искрен дека во договорот нема ниту “М” од Македонци, македонски народ или македонска Влада и ниту Грција ниту ЕУ нема обврска да дава никаква гаранција за националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, кој ниту еднаш не е спомнат во договорот).

Затоа, благодарам претседателе Макрон.

Вашето обраќање ќе му помогне на нашиот БОЈКОТ како демократска одбрана на нашиот Устав, име и достоинство!“