Вторник, 25 Септември 2018    Печати
Еден ферман за Шенка Станојкова (Колозова)
Фотографија на Владимир Котевски.
Еден ферман за Шенка Станојкова (Колозова)
"Приказната за Змијата што си ги покажа нозете"

Разочарување, грозење, гадење и тага истовремено чувствував додека ја гледав "хероината" на Македонските нарoдни приказни кога зборуваше дека "можела да оди против секоја власт, но не и против својот народ". Против народот кој шо сака да си го остави името исто? Против истиот тој што не е Северномакедонски туку Македонски?

Шенка Станојкова (Колозова) е еден од луѓето што потсвесно влијаеле на моето *воспитание преку Македонските народни приказни. Отсекогаш кога ги гледав приказните со неа и Ѓорѓи Колозов, чувствував дека Ѓорѓи е човекот со душа (оној мекиот, лепчето) додека дотичнава прагматикот што сето тоа го материјализира. И си велев во ред, тоа е моја параноја а и да не е, барем остануваат приказните од народот.
Да, приказните кои таа ги глуми но никогаш не биле лично нејзини! Приказните што ги крадеше од народот и ги пресликуваше во играните ТВ приказни.

И да била За европска (СЕВЕРНА) Македонија не би ми било толку важно, колку што излезе да агитира, пропагира, за нешто што е негација на се она што го работела досега, а со ова, сега се дознава и кои и биле намерите од приказните... ПАРИ....

Шенка, жената што беше олицетворение на МАКЕДОНСКИТЕ народни приказни сега станува Северно Алчна Шенка и игра во платени политички спотови против својот народ
Жената што се размина со својот *народ

Душо, каде ќе ги носиш парите? В гроб?
Или се донираше сама?

Денес се раскина една љубов со еден лажен народен пратеник и еден цел македонски *народ
Шенка, зарем до толку?

Толку ли вреди човечкото достоинство? Толку евтино? Колку пари?

Со здравје да ги трошиш

37888930 525912894492931 1640498668928761856 nВладимир Котевски