Четврток, 27 Септември 2018    Печати
Протестот што беше закажан на 27-ми е откажан

29573086 828453487362780 3845332651123614254 nПротестот што беше закажан на 27-ми е откажан, бидејќи ние не го закажавме, туку го закажаа службите на хунтата со цел најверојатно да испровоцираат некој поголем инцидент пред референдумот за Северна.

Со инцидентот они би ја оцрниле иницијативата #Бојкотирам и би го заплашиле народот да излезе и да гласа за свое самоукинување.

Фанпејџите се повратени кај вистинските луѓе од иницијативата, мрежата #Бојкотирам и движењето Млади За Македонија.

Се извинуваме на сите фанови за забуната што се направи, но најбитното е иако доцна, сепак со многу труд и мака се ослободивме и ги изолиравме инфилтраторите.

Потсетуваме на стратегијата на Стратегем која им ја работи владината кампања. Истата стратегија делумно беше успешна со инфилтрирањето, но сепак храброста и среќата нѐ послужи и инфилтраторите се изолирани и отстранети од двата фанпејџа. Единствено што им остана во нивна контрола е Твитер профилот на Млади за Македонија.

Уште еднаш огромна благодарност за поддршката од другите групи на мрежата #Бојкотирам и нашите верни фанови.

Со почит,
Млади за Македонија и #Бојкотирам.

Фотографија на Бојкотирам - Bojkotiram.