Четврток, 27 Септември 2018    Печати
На 30-ти септември утрото, кога ќе се разбудите само послушајте го срцето и правилно ќе постапите
alt
Мицкоски: На 30-ти септември утрото, кога ќе се разбудите само послушајте го срцето и правилно ќе постапите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на кои им посочи дека капитулантскиот Договор од Преспа претставува последниот крик за спас на политичката кариера на Зоран Заев.

alt

Мицкоски говорејќи за договорот истакна дека уште во самата преамбула на капитулантскиот договор започнува измамата. Измамнички вели тој се повикуваат на повелбата на Обединетите Нации за немешање во внатрешните работи на друга држава, додека самиот договор ја крши повелбата, инсистирајќи на промена на македонскиот Устав.

alt

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше фактот дека со договорот се менува идентитетот и националноста, а кај ниту една друга држава во Европа во графата за националност не стои терминот граѓанин. На македонскиот јазик пак му дадоа фус нота, преседан и пример каков што нема во светот, вели тој.

alt

Мицкоски нагласи дека ни ја продаваат Европска Македонија, ни ветуваа живот во 2016-тата година, ние од овдека знаевме дека од тој живот нема ни Ж. Донесоа пекол, парчосувајќи ја и распродавајќи ја на секој чекор за овие една и пол година дена поминати во фотелјите во Владата на Република Македонија. Позади завесата се случува огромна пљачка и криминал на нашата татковина. И тоа нема да им го дозволиме и доаѓа денот кога за сето тоа ќе ги поднесат сметките и ќе одговараат, изјави Мицкоски.

alt

Мора да останеме достоинствени, горди и покрај сите предизвици кои што ни престојат. Мора да бидеме принципиелни. Да бидеме чесни и искрени. Мора да бидеме тие кои што ќе ја креваат нашата татковина од пеколот кој што ќе ни го остават овие измамници, додаде Мицкоски.

alt

Мицкоски посочи на 30-ти септември утрото, кога ќе се разбудите само послушајте го срцето и правилно ќе постапите.