Петок, 28 Септември 2018    Печати
Секоја чест Претседателе Иванов

Ivanov-tramp-520x288

Го слушав говорот на Претседателот Иванов во ОН неколку пати. Пробав да најдам некоја грешка, завземање на некаков став, некаква лага, некаква партиска определба, бидејќи на неколку портали од видни новинари прочитав дека говорот е велепредавство и недоличен. Ништо од наведеното не најдов. Слушнав еден говор во центарот на ОН, онаму каде што сите сме еднакви. Ќе речете не сме еднакви ние сме ФИРОМ. Да ФИРОМ сме затоа што ние така дозволивме.

Морам да речам дека за мене говорот на Претседателот Иванов беше вистински, Председателски. Немаше навреди, говор на омраза, непочитување. Зборуваше за својата земја и за својот народ, Се кажано на вистинско место.

Бидете сигурни дека после овој говор уште повеќе земји ќе не признаат под нашето уставно име Република Македонија. Само ќе треба да побараме, токму таму во храмот на демократијата, ОН и да се избориме за своите права, да се избориме за наше препознавање пред светот, како една исконска нација која влече корени од постоењето на светот, а сега во овие времеиња не бара ништо освен да остане свој на своето.

Секоја чест Претседателе, имавте разни турбуленции и грешки во вашиот мандат, кои и јас ги критикував, но со овој говор покажавте дека сте вистински Македонец, кој без срам и без парод го брани нашето име и држава.

12670123 1126339704043562 7511347391586563052 n(ФБ статус на доктор Тодор Ношпал)