Четврток, 04 Октомври 2018    Печати
Местото на платениците и петоколонашите е на опашот, заедно со мувите

29473119 1505986692847141 8326448020572748386 nAleksandar Pandov

Реформаторот Петар Богојески е разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката ја донесе Извршниот комитет на партијата.

Богојески е сменет поради непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела.

По одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ да го разреши Петар Богоевски, Александар Пандов на својот ФБ статус објави:

Разрешувањето на Петар Богојески од местото заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително јасен сигнал од ИК и од самиот Христијан Мицкоски дека местото на платениците и петоколонашите е на опашот, заедно со мувите.

Тоа што е изногиран на првиот состанок на ИК после референдумот ми дава храброст да тврдам дека за краток период ќе бидат отсранети и уште неколку зрна "кукољ" од амбарот, како би можела ВМРО растеретена и реформирана, влезе во завршна борба против оваа фашистичка хунта

#ДолеХунта
#Оставка