Среда, 10 Октомври 2018    Печати
Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата на Комисијата за уставни измени
alt

И Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ја напушти расправата на Комисијата за уставни измени

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, по нејзиното излагање критикувајќи го договорот до Преспа со кој се менува уставното име на Република Македонија, истакна дека нема да продолжи да учествува и да биде дел од понатамошната работа на Комисијата за уставни измени.

Стојановска е третиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој ја напушти работата на оваа комисија, по Трајко Вељаноски и Антонио Милошоски.