Четврток, 18 Октомври 2018    Печати
СДСМ и Зоран Заев треба да си одат
alt

Заев треба да знае дека во оваа фаза договорот е чисто правно прашање, а правото вели дека договорот е правно - политички мртов

Заев продолжува да ја погазува волјата на граѓаните. Иако над 1 милион и 200 илјади граѓани рекоа НЕ за промена на името, Заев не се откажува и со тоа директно ја крши волјата на граѓаните.

Во оваа фаза договорот е чисто правно прашање, а како такво треба да се гледа низ призма на правото, законите и Уставот. Согласно правото договорот од Преспа е правно - политички мртов, тоа го кажа ДИК, но тоа го кажува и Уставот. Одењето спротивно е злоупотреба на власта.

Зоран Заев наместо насилно да турка спроведување на договор кој е одбиен од граѓаните, треба да си даде оставка како што вети, и не само заради штетниот договор кој го склучи, туку и за руинираната економија, урнисаното здравство и омаловаженото образование.

Република Македонија заслужува да тргне напред.

СДСМ и Зоран Заев треба да си одат.

ВМРО-ДПМНЕ