Недела, 21 Октомври 2018    Печати
Толку ли е сладок вкусот на парите?
altХристина Пејовска

„О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот -
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто навирува река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик -
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик“

Тешко и болно е она што се случува во нашата земја.

Се повторува она кое со векови се случувало, она кое секогаш сакало да ја стави нашата историја и постоење под прашање.

Народе, зарем не сте Македонци? Зарем толку брзо го заборавивте вашиот идентитет, вашето име и гордост?

Толку ли е сладок вкусот на парите?

Мислите ли дека ќе можете да живеете со таа совест, со совеста дека сте забоделе нож врз целата човечка нација и историја?

Имате ли вие малце совест, малце вредност како луѓе?

Каде се човековите вредности, оние за кои се учи уште од дете?

На што ќе ги учите вашите наследници? На лаги ли? На предаство ли?

Жал ми е Македонијо што отсекогаш Твоите те предеваа и фрлаа црн пепел над тебе... жал ми е што твоите сакаат да го закопаат најдлабокото, твоето име и постоење... а пред се ми е жал што постојат такви кои не разбираат што значи целиов овој модерен геноцид... жал, гнев и сожалување чуствувам кон сите оние кои мислат дека промените навистина ќе променат нешто... ах, далеку сте, далеку сте од тоа што ви се ветува...

Вака не мораше, можеше и поинаку!!! Вака можеше секој ... Можевме гордо да чекориме и да бидеме за тоа што вие го викате европско, без да ни го земате она што ни значи... вие го одземате р‘бетот на оваа земја, каде мислите дека така ке одите?

Заборавете дека, повеќе Не ќе бидете она што бевме сите ние... заборавете на тоа дека ќе бидете повторно Македонци... Вие не убивте засекогаш за жал сите нас, нашите предци и поколенија... нека ви е на совест господа.

Господ нека ви суди...