Четврток, 25 Октомври 2018    Печати
ВМРО ДПМНЕ досега имаше три покрупни прочистувања во своите редови

22366819 2031881613518906 2264025268619544574 nНикола Србов

ВМРО ДПМНЕ досега имаше три покрупни прочистувања во своите редови. Причините за трите прочистувања се различни но сите имаат едно нешто заедничко – партијата од сите нив излегуваше помоќна, помасовна, обединета и набргу потоа се враќаше на власт.

- Првиот поголем потрес беше во 1997 година по што во 1998 година ВМРО ДПМНЕ застана на чело на државата.

- Вториот потрес беше во 2004 година по кој во 2006 година ВМРО ДПМНЕ формираше влада.

- Последниов, трет потрес, нема да биде исклучок бидејќи ние учиме од минатото во корист на иднината.
Последното прочистување ќе допринесе до зацврстување на самата партија и нејзино брзо враќање на чело на државата. Со последното прочистување ВМРО ДПМНЕ луѓето кои ги симна од својот грб како товар ги качи на грбот на моменталната власт. Со тој товар сега ќе се носи токму СДСМ.

Бројни се моментите во историјата на ВМРО со потреси кои резултирале со прочистување на редовите на Организацијата. Токму ваквите моменти во самата Организација довеле до одржување на македонското прашање во живот, а одржувањето на македонското прашање како отворено го спаси нашиот народ од асимилација. Затоа овие моменти се многу големи и значајни.