Четврток, 25 Октомври 2018    Печати
СДСМ не ја води државата кон ЕУ
alt

Владата на Заев и СДСМ сфаќаат дека народот ја препозна принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси

Соопштение до јавноста - реакција на изјавата на Костадин Костадинов

Во моментов во Република Македонија единствен политичар кој е аболициран е Зоран Заев.

Владата на Заев и СДСМ се исплашени од Христијан Мицкоски бидејќи со секој минат ден сфаќаат дека народот ја препознава принципиелната политика на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на државните и национални интереси.

СДСМ наместо да праќа бледи и неиздржани соопштенија, време е да почне да ја почитува волјата на граѓаните.

СДСМ не ја води државата кон ЕУ, СДСМ ја втурнува државата во криминал и корупција од невидени размери.

СДСМ не може да ја прикрие нивната криминогеност. За криминалот, корупцијата и распродажбата на државните интереси нема оправдување. СДСМ мора да си замине од власт.

ВМРО-ДПМНЕ