Четврток, 01 Ноември 2018    Печати
Младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ со масовна поддршка за Мицкоски
Младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ со масовна поддршка за Мицкоски (ФОТО)

Младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ со масовна поддршка за Мицкоски (ФОТО)

Членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, масовно ја искажуваат својата поддршка до партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Тие преку социјалните мрежи, порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која ги обединува, партијата на која даваат силна поддршка во овие времиња.

Посебни пораки испраќаат до претседателот Мицкоски, кому му порачуваат дека заедно со него ќе се борат, гордо и сплотено.

alt

alt

alt

-ВМРО-ДПМНЕ било, е, и ќе остане! Идеалите на ВМРО се вечни и не надминуваат сите. Секој од нас има обврска да се вгради во делото, за што се обврзал кога ја прифатил функцијата. Јас давам целосна поддршка на партијата која во овие тешки моменти има потреба од истрајност. Ќе опстоиме и ќе победиме. Државата повторно ќе ја вратиме на вистинскиот колосек. ВМРО вечно! Македонија вечна, гласи една од пораките.

alt

Претставниците на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, од сите градови ширум Македонија, објавуваат дека даваат поддршка за сето она што Мицкоски до сега го има спроведено, но и за секој чекор кој ќе го преземе во иднина.

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани, објавуваат:

-Гласно даваме поддршка за досега спроведените чекори и дејствија на претседателот Мицкоски. Претседателе, Вие, како лидер на најголемата политичка партија во Р.Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, сте последниот столб за одбрана на Република Македонија и во тој поглед, продолжуваме да ги следиме сите Ваши политики кои се во интерес за зачувување на националните интереси на нашата татковина.

alt

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, повикува на сплотеност.

-ВМРО било и ќе биде со и без секој од нас. Почитувани членови и симпатизери на ВМРО – ДПМНЕ,во овие тешки, но многу поучни моменти за партијата, Јас Александар Здравевски Претседател на УМС ОК Охрид ве повикувам на сплотеност. ВМРО никогаш не се откажува кога е најтешко! Ја почитувам одлуката на досегашниот Претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ и мој другар, но ВМРО ДПМНЕ е повеќе од сите нас поединци. Затоа, јас и УМС Охрид останувааме цврсти и лојални на страната на Претседателот Христијан Мицковски !
Продолжуваме уште пообединети, посплотени, поединствени, порача тој.

alt alt

Јавна и недвосмислена поддршка за Мицкоски изразија од младите на ВМРО-ДПМНЕ од Чаир и Неготино.

alt alt

alt