Сабота, 03 Ноември 2018    Печати
Дали како Македонци и како членови на ВМРО-ДПМНЕ имаме барем трошка совест и почит!?
Фотографија на Александар Трајковски.

Добро луѓе, дали како Македонци и како членови на ВМРО-ДПМНЕ имаме барем трошка совест и почит!?
За помалку од 7 дена од денес, Груевски треба да се јави за да ја издржува затворската казна за мерцедесот бидејќи судот го одби барањето за одложување. Но за тоа никаде никаква реакција. Човекот во кого 15 години се крстевме оддеднаш стана неважен, повеќето од "големите" вмровци во негово време кои едвај чекаа да се сликаат со него сега веќе ги имаат избришано сликите. Луѓе, ја изгубивме човечноста. Им успеа сценариото да одењето на Груевски во затвор треба да биде нормално и да не ни значи ништо! Алооооо! Тој беше 15 години водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација - Демократска Партија за Македонско Национално Единство! Тој е во оваа ситуација сите знаеме зошто! И навистина како современик со времето кога владееше Никола Груевски неможам и нема да кажам дека ова што се случува е нормално! Партијата и членството кои тој ги водеше и издигна на ниво апсолутно да владеат повеќе од 10 години за жал не превземаат ништо барем за морална поддршка ако поинаква не е можна. Како член на ВМРО-ДПМНЕ сметам дека членството мора да се организира и да му даде поддршка на Груевски! Ова што му се случува на Груевски е неправда! А кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата!
Браќа и сестри,
Македонци и Македонки,
Размислете добро, дали можеме да останеме рамнодушни и да молчиме пред неправдата!? Ајде заедно да го победиме стравот, да се организираме и да бараме правда! Бидејќи кога нема правда, нема мир!
Размислете!

44384163 10212280310698171 6453571069595877376 nАлександар Трајковски