Понеделник, 05 Ноември 2018    Печати
ПРОТЕСТ-18-ти Ноември во 18.00 часот пред Собрание на РМ

protest-Bojkotiram

Во согласност со ПРОГЛАСОТ на #Бојкотирам уставни промени, ве повикуваме на општонароден ПРОТЕСТ на 18-ти Ноември во 18.00 часот пред Собрание на РМ.

ПРОТЕСТОТ е натпартиски и сенароден за да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

#Бојкотирам уставни промени е народна побуна против легитимизација на историското предавство преку нелегално и фингирано 2/3 мнозинство за промена на уставот на Република Македонија, кое делува спротивно на вољата на народот изразена на референдумот на 30-ти Септември.

Бараме:
- Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.


- Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.


- Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.


- Трајна заштита на името на државата, Македонија.


- Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.