Четврток, 08 Ноември 2018    Печати
Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од ЕУ и НАТО
Фотографија на Hristijan Mickoski.

Христијан Мицкоски

На маргините на Политичкото Собрание на EPP - European People's Party, остварив средба со Манфред Вебер, Претседател на Европската народна партија во Европскиот Парламент.

Го информирав господинот Вебер за актуелните состојби во државата. Му укажав на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции.
Наместо да се случуваат реформи кои би ја придвижиле државата напред, посочив дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата, како на политички така и на економски план.

Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО.
Освен за актуелната дневно-политичка состојба, го информирав господинот Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Господинот Манфред Вебер воедно е и најсериозен кандидат за Претседател на Европска Комисија, му посакувам успех!

45514658 1100417313467060 1464383865668763648 n