Недела, 11 Ноември 2018    Печати
Македонец меѓу победниците на изборите во САД – го остварил сонот на својот дедо
alt

Македонец меѓу победниците на изборите во САД – го остварил сонот на својот дедо

Фил Наумоф, демократски кандидат, е избран за судија на вчера одржаните избори, во малото место Ричард Каунти, близу до градот Мејнсфилд, во сојузната држава Охајо.

Наумоф ги победи ривалите, републиканецот Ендру Кларк и независната кандидатка Кели Бандел, освојувајки 51,7% од гласовите.

Новиот судија ја споделил приказната за неговиот дедо, кој во 1921 година дошол во САД од Македонија, надевајќи се дека ќе му обезбеди подобар живот на своето семејство.

„За мене ова значи кулминација на сонот“, изјавил Наумоф.

Republika.mk