Петок, 23 Ноември 2018    Печати
Конгресмен Кинг: Македонците си ја сакаат својата земја назад
Конгресмен Кинг: Македонците си ја сакаат својата земја назадАмериканскиот конгресмен Стивен Кинг преку својот профил на „Твитер“ го поврза Џорџ Сорос со насилството во македонскиот парламент на 27 април.

„Стејт департментот на САД им додели 5 милиони долари на организациите на Џорџ Сорос во Македонија. Сорос ги употреби парите за превод на ‘Правила за радикалите’ на Сол Алински на македонски и ја дистрибуира книгата низ Македонија. Во парламентот се случи насилство. Многу Македонци си ја сакаат својата земја назад“, твитна републиканскиот конгресмен од Ајова.

Кинг на прелиминарните избори во Републиканска партија за кандидат за претседател на САД го поддржа Тед Круз, но откако Доналд Трамп ја доби номинацијата од републиканците цврсто застана зад актуелниот шеф на американската држава.

http://news24.mk/kongresmen-king-makedontsite-si-ja-sakaat-svojata-zemja-nazad/?fbclid=IwAR3UpNxr-nF6mU2RTr6mmAhiOske1ShV8hYgNhtZCywTLVNI2ceSSJABfAM