Недела, 09 Декември 2018    Печати
Ако го спомнеш името Македонија ќе те прогласат за антиевропеец, ќе те прогласат за неконструктивец

hristijanАко го спомнеш името Македонија ќе те прогласат за антиевропеец, ќе те прогласат за неконструктивец, ќе те прогласат дека си изолационалиста.

Не бре браќа и сестри, ние сме горди Македонци коишто имаат право, имаат право да се самоименуваат како Македонци, а државата за која што се бореле нивните предци да си ја наречат Република Македонија.

И никој тоа право не може да ни го земе. И никој не може тоа да ни го оспори.

Ниту во Османлиско не било така, како што е денеска.

Веднаш сега ќе се јават оние армадили платени со вашите жолтици за да ме критикуваат, еве го овој повторно го опструираат процесот.

Да ќе го опструирам и ќе се борам се додека можам затоа што ме боли и ме пече, затоа што тоа ми е дедовина, тоа ми е татковина и нема никогаш да престанам да се борам додека дишам за моите права и за мојата Македонија. И не се срамам!

И не се срамам затоа што сум Македонец. Затоа што моите два сина се Македонци. И затоа што моите неродени внуци ќе бидат Македонци. И тоа треба на целиот свет да му е јасно. Па макар и било крај на мојата политичка кариера!

Напиша Христијан Мицкоски на својот ФБ