Четврток, 13 Декември 2018    Печати
Мицкоски: Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел

1 42Мицкоски: Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протестен марш кој го организираше партијата, го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

-Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел. Но, викни ги на помош оние поранешни наши браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за „вмровските работи“.

Ќе зборуваме и за тоа, ама ќе зборуваме и за сето она кое и го приреди на нацијата, за сите недостоинствени политики.

Јас и ти, очи во очи пред македонските граѓани, па тие нека судат кој е во право.

Немој овој пат да се криеш.

Избери време, место и медиум.

Таму ќе дојдам каде што ти сакаш и ти ќе кажеш, му порача Мицкоски на Заев.