Четврток, 03 Јануари 2019    Печати
Каракамишева објави план за правна одбрана на Македонија

Статус на Татјана Каракамишева:

kk2

До сите загрижени Македонци кои ме прашаа како ќе се одвива овој процес на правна одбрана на Македонија еве ги одговорите: Оваа битка нема никаква врска со ниту една партија. Оваа битка е и ќе биде надпартиска, народна и ја започнуваме веднаш.

Во битката ќе бидат повикани сите загрижени Македонци кои ќе имаат правна можност да ја тужат владата поради прекршување на основните човекови права кои се неприкосновени, како правото на самоопределување, правото на лично достоинство, на личен интегритет итн. како и поради прекршување на Уставот и на меѓународното право.

Помош ќе биде побарана ЕДИНСТВЕНО за подмирување на судските такси и трошоците на застапниците на граѓаните пред судовите, се друго ќе биде сработено волонтерски.

По исцрпување на домашните правни лекови постапки ќе бидат покренати и пред Европскиот суд за човекови права, Комитетот на ООН за човекови права, т.н. “1503 постапка” пред Советот за човекови права на ОН, како и преку постапки покренати до Специјалните известители на Советот на ООН за човекови права.

Колку повеќе луѓе се собереме во оваа акција за СПАС НА МАКЕДОНИЈА толку поголем успех ќе имаме како народ.