Петок, 11 Јануари 2019    Печати
Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси
alt

Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот и ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија

Зоран Заев оди спротивно на волјата на народот која беше јасно изразена на 30 септември. Народот јасно кажа дека не прифаќа промена на името и тоа секој политичар треба да го почитува.

Зоран Заев се што прави вклучително и насилната промена на името е со цел задржување на власт и пљачкосување на државата преку криминални тендери.

Државниот апарат 2 години е нефункционален, наместо реформи и проекти, власта се насочи кон распродажба на државните и национални интереси.

Образованието е во хаос, здравството на колена, земјоделието во очај. Буквално црнила на секое поле.

Црнилата кои ги донесоа во секојдневието не можат да ги избришат со распродажбата на името.

Зоран Заев е човекот кој ќе остане запаметен како политичарот кој ја продал Македонија.

Зоран Заев не работи за граѓаните и државата, туку за своите лични и бизнис интереси. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. Зората мора да изгрее за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ