Четврток, 31 Јануари 2019    Печати
Панчевски бара одговорност за скандалот во СЈО!

altМандатот на СЈО истече на 20 јуни 2017 година.

Во контекст на одлуката на Врховниот суд дека СЈО нема право да отвора истраги по истекот на 18-те месеци, судијата Владимир Панчевски на Твитер коментира дека специјалната обвинителка Катица Јанева две години ја злоупотпебувала службената положба во политички цели.

Владимир Панчевски / Vladimir Panchevski @VladimirPanche6

Скандал од невидени размери: Катица Јанева фатена две години ја Злоупотребувала службената положба во политички цели кој ќе ги обештети жртвите на самоволието на Катица: незаконити претреси, притвори, блокирања на сметки. Народот ја плаќаше за да сега на свој грб плаќа одштета!