Понеделник, 04 Февруари 2019    Печати
Христијан Мицкоски ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија
alt

Мицкоски во Брисел на политичко собрание на Европската Народна Партија

Денес и утре претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе присуствува на политичкото собрание на Европската Народна Партија што се одржува во Брисел. На маргините на собранието се очекува да оствари средби со европарламентарци и преставници на ЕУ кои се дел од Европската Народна Партија чиј што член е ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски ќе разговара за состојбите во државата, загрижувачката состојба со газењето на правата и слободите, растечката корупција, како и поддршка на процесот за интеграции, и реформите кои треба да бидат спроведени.

Во делегацијата на ВМРО ДПМНЕ е и потпретседателот Александар Николоски и Секраторот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

ВМРО-ДПМНЕ