Среда, 06 Февруари 2019    Печати
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес оствари средба со Претседателот на Србија
alt

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес оствари средба со Претседателот на Република Србија и Претседател на СНС г.Александар Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес (06.02.2019) оствари средба со Претседателот на Република Србија и Претседател на СНС г.Александар Вучиќ.

Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање.

Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план.

Двајцата соговорници се осврнаа на потребата за добри билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области.

Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ