Четврток, 14 Февруари 2019    Печати
Гостивар памети-Секој на различен јазик му се моли на истиот Бог

candle-3228527 960 720Жалосно е што треба да се случи трагедија за да се обединиме – Солзите и болката не познаваат вера и нација

Патувам со „Дурмо Турс“ веќе пет години, со истите добро препознатливи црвени автобуси, речиси секој ден. Шоферите со кои најчесто патувам се прекрасни луѓе и исклучително внимателни, ме гледале секогаш како свое дете.

Сме патувале низ пороен дожд, тежок снег и густа магла. Верувам дека и денес кој и да возел возел со најголемо внимание и најдобро што може. Во тој автобус денес се возеа наши пријатели, соседи, роднини.

Гостиварци се исклучително добри луѓе и не заслужија ваква трагедија.Никој не заслужува вакво нешто.Многу, многу ми е жал и срцето ми плаче.

Меѓу настраданите и повредените има и македонци, и турци, и албанци, а и месното население кое притрча прво напомош е исто така од мешан етнички состав. Секој на различен јазик му се моли на истиот Бог, за доброто на сите кои се во мака.

Солзите и болката не познаваат вера и нација. Жалосно е што треба да се случи трагедија за да се обединиме толку цврсто. Што носи мигот, не носи годината. Да бидеме подобри луѓе овој ден и секој ден за сите што заминаа, бидејќи секој од нас можеше да биде на нивно место.

Пријатели,моите мисли и моите молитви се со сите вас. Бидете силни како што само вие можете. Гостивар памети!

FB na Vesna Poposka

http://delcevodenes.mk/%