Недела, 17 Февруари 2019    Печати
Мицкоски:На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите и волјата на граѓаните
alt
Мицкоски:На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите и волјата на граѓаните, луѓе кои го знаат патот.
Денеска во Охрид го имав задоволството заеднички да разговараме со актуелниот и цврсто верувам, идниот Претседател на Република Македонија. На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите, кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните, и кои ќе бидат бескомпромисни борци за словото на законот и правната држава. И тоа во време кога правдата е нападната од неправда и кога владата ја гази волјата на народот.

Ова го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Ова е битка на нашата генерација, на оние кои влеговме во политиката не за да добиеме нешто, туку за да го дадеме најдоброто.

Не е повеќе опција седењето настрана, и немото набљудување на пропаста во нашето општество. Сите ние имаме можност и обврска да влијаеме пред да биде вистински предоцна. Да ги оставиме разликите, сите заедно да се обединиме, да се спротивставиме, да победиме.

На Македонија и требаат честити луѓе и луѓе кои го знаат патот. Ќе го мобилизираме најдоброто од нашата земја, ќе подадеме рака на секого, бидејќи нашата цел е честита и силна Македонија!

52038512 1168659649976159 7158511542311321600 n

52402617 1168659903309467 1230557389283917824 n

52454212 1168659896642801 4205139425098727424 n