|
||
| Изборот на Џафери се случи на крајно невообичаен начин |
![]() Професорката Гордана Силјановска Давкова, како гостин во вестите на Сител телевизија, изјави дека Талат Џафери е актуелен претседател на Собранието на Република Македонија кој што ги распиша и претстојните избори, тоа е еден ноторен факт.
-Но ние не можеме да заборавиме и јасно е дека изборот што се случи во Република Македонија во услови на мобилни телефони и сликање, во услови на нејасност дали постојат 61 глас за негов избор, рече таа. Професорката вели дека неговиот избор е направен во услови на крајно невообичаено претседавање. -Со таа седница по Уставот треба да претседава поранешниот претседател на Собранието и ако не може тој, тогаш најстариот член на Собранието. Но најстариот член му го предаде претседавањето на господинот Мисовски небаре тој го наследил, вели таа. -Сето тоа фрла една недемократска светлина на чинот на изборот на господинот Талат Џафери, вели претстојниот кандидат за претседател на Република Македонија, професорката Силјановска. |