Сабота, 09 Март 2019    Печати
На 21ви април се одлучува за иднината на Македонија

53410275 1181169625391828 4743546277533319168 nХристијан Мицкоски во Гостивар

21ви април не е само датум кога ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, туку и датум кога се одлучува за иднината на Македонија.

Датум кога граѓаните ќе го имаат мандатот да одлучат по кој пат ќе тргнеме.

Има две опции, или ќе се одобри оваа политичка и економска капитулација на актуелната власт, или ќе се порази Заевизмот за да Македонија опстои и тргне напред.

Денес се објави БДП за 4-тиот квартал, пoследни сме во регионот. Вкупниот економски раст е минимални и ниски 2 проценти што е 2 ипол помалку пати од ветените 5осто раст секоја година. Што значи дека Владата прави изборна измама, но затоа тендерите и бизнисите на власта врват.

Затоа треба да се воведе казниво дело изборна измама. И кога се збори за правдата, ајде да ги преиспитаме сите случаи за кои постои сомневање за криминал, ајде да ја преиспитаме продажбата на бонбона бизнисот ЕВН, за продолжување на монополот на Телеком, за Глобал, за евро поткупот на Заев...да зборуваме за сите случаи каде има сомнеж за криминал и да ги соочиме тие луѓе со законите, без селективна правда.

Само така ќе дојдеме до правда, само така ќе се избориме за честита Македонија!

53766492 1181169472058510 2566814933039710208 n

53008447 1181169178725206 2318794526044454912 n

53790535 1181169428725181 1329790272195788800 n

53835417 1181169218725202 3248653979260813312 n

53809450 1181169288725195 6063441499129905152 n