Вторник, 12 Март 2019    Печати
Заев, арамијо една! Бегај подалеку дури имаш странски пријатели! Канибалец!

cavkov

Заев, арамијо една! Бегај подалеку дури имаш странски пријатели! Канибалец!, напиша Зорица Чавкова, ќерката на Митко Чавков.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков вечерва е приведен.

Тој е пренесен во истражниот затвор во Шутка откако Основното јавно обвинителство побара притвор поради добиени сознанија дека подготвувал бегство.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Предлог за определување мерка – притвор за Митко Чавков.

По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор.

Заев, арамијо една! Бегај подалеку дури имаш странски пријатели! Канибалец!, напиша Зорица Чавкова, ќерката на Митко Чавков.

alt