Среда, 20 Март 2019    Печати
Злоулотреба на плавата униформа

policija2-1

Злоулотреба на плавата униформа

Во минатото, поточно во склопот на поранешната заедничка држава само ако се споменеше зборот “милиција“ истиот претставуваше страв и трепет кај обичниот граѓанин.

Но, во денешно време со исклучок на некои личности облечени во плава униформа и истите, тие што треба да се грижат за јавниот ред и мир зборот полиција нема некое посебно знечење кај обичниот граѓанин и следствено на тоа загубен е стравот од името полиција.

Имено, авторот на овој текст кој е познат новинар во Градот под Марковите кули, довчерашен одбојкарски судија и актуелно вработен во ЈКП "Водозод и канализација на работна позиција советник за административни работи” имав лошо искуство со едно лице од органите на Јавниот ред и мир.

Имено на 11 март кога кираџијата со иницијали П.П. ме нападна со 2 удари во плексусот и еден удар во левото око каде се покажа веднаш хематом.

За тоа повикав полиција.

За повредите имам спец. резултати од очен доктор, доктор-хирург и доктор невопсихијатар каде и примив систем за смирување.

Иронијата да биде голема службеното лице на кој не му го знам името на место да постави ред и мир,  почна мене да ме навредува со зборовите: "Колку имам кривични пријави и каде должам"

Службеното лице требаше само да си ја изврши во целост службената задача.

Ова писмо е во три примероци, и тоа: до редакцијата, Командирот на ПС Прилеп и лично до Оливер- Спасовски - Минитстер за внатрешни работи.

П.С. До овој мој потег сакам сите засегнати страни да соберат храброст и исти или слични случаеви како мене да ги објават јавно и со самото тоа да ја нагласат дрскоста на лицата кои се задолжени за јавниот ред и мир.

Овде ќе напоменам само еден пример: Мојот сега упокоен татко беше лекар ортопед-трауматолог и истиот кога имаше хитни случаеви не му се закануваше на пациентите, напротив, со опетативниот зафат на долни и горни екстремитети се трудел пациентот да биде во стабилна здравствена состојба.

Дипл. ЕКК. Рубинчо В. Јованоски од Прилеп - новинар