Петок, 22 Март 2019    Печати
Распоред на гласачкото ливче: 1 за Река, 2 за Силјановска и 3 за Пендаровски

altРаспоред на гласачкото ливче: 1 за Река, 2 за Силјановска и 3 за Пендаровски

По извршената ждрепка на ДИК, денеска беше одреден редоследот на броевите на претседателските кандидати.

Блерим Река ќе биде под број „еден“, претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова под број „два“, а Стево Пендаровски од СДСМ под број три.

Кампањата ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.

https://fokus.mk/raspored-na-glasachkoto-livche-1-za-reka-2-za-siljanovska-i-3-za-pendarovski/