Четврток, 11 Април 2019    Печати
ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ: До Неговата Екселенција проф. д-р Ѓорге Иванов

56976946 10218451104499791 9150721449567191040 nОТВОРЕНО ПИСМО ОД МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ: До Неговата Екселенција проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија

Ваша Екселенцијо,

Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во татковината и светот, најостро ги осудуваат монструозните обвиненија и драконските казни на осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.
Бараме, врз основа на членот 11 од Законот за помилување, да донесете Одлука за помилување со потполно ослободување од извршување на казната и определување бришење на обвинението, осудата и казната, на сите осудени од настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година!

57154779 10217206120639817 4845444526954774528 nВаша Екселенцијо,

Мерката помилување којашто ја бараме од Вас не е грев, туку претставува национално помирување! Притоа не смее да се заборави, дека инволвираните во настаните во Собранието од 27 април 2017 година, беа испровоцирани од флагрантното кршење на Уставот и законите при изборот на претседател на Собранието и пеењето на странска химна во Собранието на Македонија, на годишнината од масакрот врз припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година.

Истовремено, Ве потсетуваме дека во војната 2001 година, во која од терористи беа убиени стотина припадници на Вооружените сили на Македонија, власта амнестира воени злосторства, чии извршители денес се во Владата и Собранието на Македонија!
За Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во татковината и светот, неприфатливо е пратениците кои ги отворија вратите за влез на народот во Собранието да бидат помилувани поради велепредавството што го извршија гласајќи за измена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата, а останатите да бидат осудени со драконски казни за “терористичко загрозување на уставниот поредок“.

Во очекување на Ваша одлука, благодариме на вниманието.

Со почит,

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Отвореното писмо е потпишано и подржано од 167 организации, асоцијации во 27 Земји каде живеат Македонци ширум светот. Отвореното писмо во подолга форма заедно со сите потпишани организациии асоциации ќе биде предадено лично до Неговата Екселенција проф. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија