Недела, 21 Април 2019    Печати
Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев
Мицкоски: Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Мицкоски: Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Победивме! Победивме и тоа е победа на сите вас, на сите вас што ја поддржавте професорката Гордана Силјановска, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата одржана во партиското седиште.

-Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата сите оние измамнички политики чив предводник е Зоран Заев. Ги победивме, но нецелосно ги поразвме затоа ни е потребна победа во вториот круг. Ја победивме хотел коалицијата, доаѓа правдата за Македонија за која се обединивме, окрупнивме и која беше нашата водилка.

Оваа победа е голема затоа што е на народот, од денес Македонија има нова реалност.

Македонија горда, честита. Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот.

Власта е делигитимрана.

Почна падот на Зоран Заев.

Ајде да ги поразиме, потенцираше Мицкоски.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pobedi-koalicijata-na-vmro-dpmne-so-narodot-pochna-padot-na-zoran-zaev/