|
Понеделник, 22 Април 2019 |
|
|
|
Сама против сите
|
Еден од најмоќните политичари на Балканот со честитки до Силјановска-Давкова: Сама против сите доминираше
И покрај благото водство на Стево Пендаровски во претседателските избори во однос на Гордана Силјановска-Давкова, поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша упати честитки кон постигнатиот резултат на Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ. Изгледа навистина добро за македонската опозиција. Честитки за Силјановска, која сама против останатите кандидати речиси доминираше во првиот круг. Честитки“, напиша Јанша на својот Твитер налог.
Вториот круг на изборите ќе се одржи на 5-мај, а според последните резултати од првиот круг, очигледно е дека не очекува неизвесна борба до самиот крај за нов претседател на Македонија
Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција во партијата соопшти дека во првиот круг на претседателските избори ВМРО ДПМНЕ победила во вкупно 47 општини.
Ако ова беа парламентарни избори, според Донтовиот модел, резултатите од изборите пренесени во мандати е следен: ВМРО ДПМНЕ би освои 53 пратеници, СДСМ 41, ДУИ 13, а БЕСА и Алијансата на Албанците 13. |