|
||
| Нашата борба до конечна слобода на Македонија и Македонскиот народ продожува |
|
По повод иногорирањето на Стево Пендаровски на функцијата за Претседател на државата, Македонските заедници надвор од Македонија го сметат тој чин за нелегитимен и нема да го почитуваат како таков. Нелегитимноста се должи на самиот изборен процес спроведен од нелегитимен парламент и влада,со притисок и низа утврдени нерагуларности кои не соодејствуваат на критериумите предвидени на ЕУ и ОЕБС. Ставовите на Македонците надвор од границите на Македонија се кристално јасни. Повеќе од три години преку различни протести и манифестации се изјаснаа против насилно донесената нелегитимна влада и сите донесени нејзини анти уставни закони . Го почитуваме принципот на немешање на внатрешните работи на државите, нивната сувереност и независност. Бидејќи ниту еден од овие принципи не е почитуван во насилно променетиот македонски устав, логичен и принципиелен е нашиот став. Во иднина, сите активности на државните институции и органи ќе бидат бојкотирани се до моментот на враќањето на дејствување на правна македонска држава. Северна творба за нас не постои.За нас постојат македонски јазик,нација,историја и традиција,ништо помалку ,ништо повеќе. Нашата борба до конечна слобода на Македонија и Македонскиот народ продожува! Глобално Македонско Координативно тело на Македонците надвор од Македонија. 12 Мај 2019 Торонто ,Канада |