Четврток, 16 Мај 2019    Печати
Победничко Ѓорче Петров е против актуелната влас

djorce 7Победничко Ѓорче Петров е против актуелната власт, затоа што Ѓорче Петров е против власта која носи измами, власта која уништува и остава пепел зад себе, власт кој го напаѓа достоинството и почита на луѓето, дели и создава конфликти. Власт која се повеќе не одалечува од Европската Унија.

Со овие луѓе на власт нема ниту ЕУ ниту пак европски се однесуваат. 2 години се на власт, еден чекор не отидовме нанапред. Не е доволно да го слушаме премиерот удирајќи се во гради да вели дека е европеец, во исто време додека криминалот и корупцијата галопира.

Наместо со зборови посветеноста кон Европа тоа се докажува со дела, а дела оваа власт нема.

Наместо да не приближуваат, тие не одалечуваат. Затоа треба да се стави крај на ова уништување и пеплосување кое ни се случува во секое поле.

А кој друг ако не ние, задно со народот мораме да ставиме крај на ова владеење кое ни ја одзема и уништува нашата Македонија.

Заедно ќе победиме и заедно ќе се избориме за новото време кое ќе донесе подобар стандард во секое поле и решенија за многу проблеми кои денес го мачат секој еден човек.

djorce 1

djorce 2

djorce 5

djorce 6

djorce 8

djorce 9

djorce 11