|
||
| Никола Груевски е најпрогресивниот политичар кој го имала Република Македонија |
|
На денешен ден, 2003та година на дванаесеттиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се оддржа во Охрид, Никола Груевски е избран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски е најпрогресивниот политичар кој го имала Република Македонија од нејзиното осамостојување. Политичар задоен со горделивото минато на Републиката и политичар кој неуморно работеше за афирмација на Македонија во Европа и светот. Воведе новитети за кои претходно никој не чул на овие простори, повраток на ДДВ, денационализации, странски инвестиции, субвенции во земјоделието, овоштарството, сточарството и други индустриски гранки. Градење на спортски сали, патишта, стадиони, плоштади, споменици, отварање фабрики и заштитата на националното богатство се негов трејдмарк во работатта. Горделивоста, инаетот и вербата дека можеме сами без да зависиме од некој беа негови одлики во владеењето. Поборник за каузата на Македонците и човек кој не ја наведнуваше главата пред никого. Стандардите кои ги постави со неговото владеење, се Милиони километри далеку и се недостижни за денешнава владеачка гарнитура. Посветен 24/7/365 на работата и на Македонија. Работохолик, кој многу фали во денешно време за да ја размрда закочената и замрзната држава. Неговото збежиште е Будимпешта, место каде што доби политички азил. Никола Груевски
|