Сабота, 25 Мај 2019    Печати
„Млади за Македонија“ со апел до Македонците во Хрватска за поддршка на Петир за ЕП

Marijana Petir 1

Студентското движење „Млади за Македонија“ ги повика Македонците во Хрватска со својот потпис да ја поддржат кандидатурата на Маријана Петир за уште еден мандат во Европскиот парламент.

„Млади за Македонија“ изразува целосна и безрезервна поддршка за кандидатурата на Маријана Петир за пратеник во Европскиот парламент. Ги повикуваме сите Македонци во Хрватска да дадат целосна поддршка и да се потпишат за кандидатурата на Маријана Петир. Таа го брани и се бори за нашето име дури и повеќе од македонските политичари. Таа е голем пријател на Македонија и македонскиот народ, а ние ќе ѝ се оддолжиме за сe` што прави за нас. Маријана Петир е нашиот херој и ние Македонците никогаш нема да ја заборавиме нејзината помош.

Како благодарност за придонесот во одбраната на македонската кауза, „Млади за Македонија“ на 19 септември ѝ доделија плакета на оваа европратеничка. Ние никогаш нема да ги заборавиме нашите пријатели и секогаш сме со нив“, се вели во повикот.

Македонци од целиот свет ѝ изразуваат поддршка на основачката и прв шеф на Група пријатели на Македонија во Европски парламент и на нејзината Фејсбук страница.

Ѝ посакуваме многу среќа!