Среда, 29 Мај 2019    Печати
Николов: Денот на поништување на „Преспанскиот” и апсењето на Заев ќе се слават како Илинден

altНиколов: Денот на поништување на „Преспанскиот” и апсењето на Заев ќе се слават како Илинден

Денот кога ќе биде поништен договорот со Грција за името ќе биде најголем македонски датум, вели лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП) Бил Николов кој е уверен дека тоа ќе се случи еден ден.

„Низ историјата имаме датуми кои сите #Македонци ги слават:

Илинденското востание, раѓањето на Гоце Делчев, независноста на Република #Македонија. Денот кога ќе пропадне Преспанскиот Договор и апсењето на Зоран #Заев ќе бидат меѓу нив.

ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ДЕН”, пишува Николов традиционално користејќи го хаштагот

#НашетоИмеЕМакедонија

alt Bill Nicholov‏ @BillNicholov
Низ историјата имаме датуми кои сите #Македонци ги слават: Илинденското востание, раѓањето на Гоце Делчев, независноста на Република #Македонија. Денот кога ќе пропадне Преспанскиот Договор и апсењето на Зоран #Заев ќе бидат меѓу нив. ЌЕ БИДЕ ЕДЕН ДЕН. #НашетоИмеЕМакедонија