Среда, 29 Мај 2019    Печати
Препорака има, датум нема
Хан: ЕК ги повтори минатогодишните препораки – да отвориме преговори за членство

Хан: ЕК ги повтори минатогодишните препораки – да отвориме преговори за членство

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го презентира извештајот за напредокот на Македонија.

Тој изјави дека Европската комисија ќе му предложи на Советот на Европа да ги започне преговорите за влез во Европската унија со Северна Македонија и Албанија.

Добри вести за Албанија и Северна Македонија. Европската комисија ги повторува своите минатогодишни препораки да отвориме преговори за членство со двете земји. Двете земји го испорачаа своето. Ако ЕУ сака да остане кредибилна, сега мора да ја испочитува превземената обврска и јасно и позитивно да им одговори на земјите, напиша Хан на Твитер.

Треба да се оддаде признание таму каде што е заслужено. Северна Македонија ги реализираше реформите и го реши долгогодишниот спор со Грција. Сега ЕУ треба да биде достојна на своите обврски и неодложно, што е можно поскоро, да го отвори процесот на преговори, додава тој.

https://republika.mk/vesti/makedonija/han-ek-gi-povtori-minatogodishnite-preporaki-da-otvorime-pregovori-za-chlenstvo/