|
||
| Датум за преговори за членство во ЕУ нема ниту оваа година |
|
Датум за преговори за членство во ЕУ нема ниту оваа годинаДатум за преговори нема во јуни, исто како што немаше и минатиот. Има само уште една голема лага на измамникот Зоран Заев. Десеттата по ред позитивна препорака е добиена благодарение на продонесот на ВМРО ДПМНЕ. Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев е најнеспособна влада до сега. Најголемото ветување кое го дадоа Заев и Димитров минатата година по потпишувањето на срамниот договор од Преспа остана неисполнето. Годинешната препорака покажа дека минатата година Заев и Димитров заедно со владата ги излажаа граѓаните дека има датум за преговори на членство. Реформи во клучните области немаше претходната година, а нема ни оваа година. Извештај ги потенцира слабости во многу сектори. Слабости пред се врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото. Оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори. затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат. Затоа решението е едно и едноставно оваа влада да си замине и да дојде влада способна и посветена, и конечно државата да започне преговори за членство во ЕУ . ВМРО-ДПМНЕ |